Diyar Güldoğan
30 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Москва се подготвува да го намали военото присуство во Сирија, изјави денес Николај Петрушев, шеф на Советот за национална безбедност на Русија пренесува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на руските медиуми, Петрушев објави дека подготовките за воено повлекување од Сирија се во тек.
Минатата недела, генералот Валери Герасимов, началник на Генералштабот на Русија, изјави дека неговата земја веројатно ќе го намали военото присуство во земјата.
И рускиот претседател Владимир Путин претхотно изјави дека воените операции во Сирија се ближат кон крајот.