Laith Joneidi,Zeynep Tüfekçi
30 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
АМАН (АА) - Британската премиерка Тереза Меј пристигна во Јордан, каде што се состана со кралот Абдула, јавува Anadolu Agency (AA).
Меј е во посета на Јордан по престојот во Ирак и во Саудиска Арабија.
Во палатата Хусејни во Аман, британската премиерка беше пречекана од страна на јорданскиот крал.
Се очекува Меј да оствари средба со јорданскиот колега Хани Ал-Мулки.
Британската премиерка е во посета на Јордан како дел од тридневната турнеја во овој регион. Оваа земја и Саудиска Арабија, Меј ги имаше посетно и во април оваа година.