Elena Teslova
02 Јули 2021•Ажурирај: 03 Јули 2021
МОСКВА
Русија започна со тестирање на новото подводно оружје во Баренцовото Море и Норвешкото Море, се соопштува од руското Министерство за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Подморниците на Северната флота започнаа да спроведуваат специјална вежба за тестирање на системите и оружјето на подморниците во подлабоките подрачја на Баренцовото Море и Норвешкото Море“, се вели во соопштението на прес-службата на Северната флота.
Екипите на неколку подморници, вклучувајќи ги и оние од четвртата генерација, учествуваат во вежбите што ќе продолжат неколку дена.
„Вежбата ги ангажира силите за итни случаи за спасување на Северната флота“, се додава во соопштението.
На серијата состаноци на почетокот на оваа година, рускиот претседател Владимир Путин објави дека руската подморничка флота наскоро ќе го добие најновото подводно оружје, вклучувајќи хиперсонични ракети и беспилотни подводни возила.