Ekipa
13 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
МОСКВА (АА) - Осудениот убиец на рускиот опозициски лидер Борис Немцов доби казна затвор од 20 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителите вчера побараа убиецот Заур Дадајев да добие доживотна казна затвор. Меѓутоа, тој доби 20 години затвор, а судијата денес не образложи зошто се одлучил за поблага казна.
Уште четири лица кои се осудени за вмешаност во убиството на Немцов во 2015 година, на мостот во близина на Кремљ, добија затворска казна во траење од 11 до 19 години.
Немцов беше најголем противник на претседателот Владимир Путин, а убиството предизвика шок меѓу поддржувачите на руската опозиција.
Дадајев беше службеник на обезбедувањето на Рамзан Кадиров, лидер на Чеченија. Сојузниците на Немцов ги критикуваа истражните органи поради тоа што не се посветиле на можната улога на Кадиров во убиството.