Efsun Erbalaban Yılmaz, Mustafa Güngör
02 Октомври 2021•Ажурирај: 04 Октомври 2021
АЈДИН (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Анкара е силен сојузник на НАТО и дека ги исполнува своите обврски, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на настан во турската област Ајдин, Чавушоглу ја повтори позицијата на Турција во воениот сојуз составен од 30 држави.
Тој го критикуваше НАТО дека и покрај тоа што Турција ги исполнува сите свои обврски како дел од организацијата, нејзините одбранбени потреби не се секогаш исполнети.
„Зошто? По операцијата што ја започнавме против терористичката организација ПКК/ЈПГ, тие не започнаа... Ставањето на ПКК и Курдите на исто ниво е навреда за нашите курдски браќа и сестри“, рече тој.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Чавушоглу рече дека поради таквите ставови, Турција прибегнала кон други опции, вклучително и производството. „Денес, во одбранбената индустрија станавме една од земјите на врвот“, додаде Чавушоглу.
Турскиот министер истакна дека прашањата со Русија се дискутираат отворено. „Ние не ја признаваме (анексијата) на Крим, го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина и Грузија. Многу е јасно, ние не ја криеме овие политики“, нагласи Чавушоглу.
Руските сили влегоа на Полуостровот Крим во февруари 2014 година, при што следниот месец со налог на претседателот Владимир Путин регионот беше поделен на два одделни федерални субјекти на Руската Федерација.
Турција и САД, како и Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), ја сметаат анексијата на Крим за нелегална.