Dmitri Chirciu
16 Декември 2021•Ажурирај: 16 Декември 2021
МОСКВА (АА) - Русија ќе ѝ возврати на Германија за протерувањето на двајцата руски дипломати, објави Министерството за надворешни работи на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Одлуката на Берлин е непријателска и Русија наскоро ќе даде соодветен одговор“, рече портпаролката Марија Захарова во објава на Телеграм.
„Москва наскоро ќе објави соопштение за ова прашање“, додаде таа.
Одлуката на Германија беше поврзана со пресудата на Вишиот суд во Берлин за убиство на чеченски барател на азил во Берлин во 2019 година.
Судот пресуди дека 56-годишниот Вадим Николаевич Красиков го извршил убиството по наредба на „државните органи на руската централна власт“.
Жртвата, Зелимхан Кангошвили, беше грузиски државјанин од чеченско етничко потекло, кој се бореше против руските трупи во Чеченија во раните 2000-ти.
Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, изјави дека одлучиле да ги прогласат двајцата дипломати од Руската амбасада во Берлин за „персона нон грата“ по судската пресуда.