Selen Temizer
16 Декември 2021•Ажурирај: 16 Декември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Премиерот на Украина, Владимир Зеленски, истакна дека Европската Унија (ЕУ) треба да воведе санкции против Русија без да чека евентуален напад врз неговата земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски, по Самитот на партнерство ЕУ - Исток во Брисел, даде изјава за медиумите.
Наведувајќи дека Украина е подготвена да влезе во преговори со Русија за намалување на тензиите, Зеленски рече дека рускиот претседател Владимир Путин досега не бил подготвен да седне на маса.
„За нас е важно санкциите да бидат применети пред почетокот на конфликтот, а не откако ќе започне“, рече Зеленски.
Премиерот на Украина додаде:
„Имаме војна која трае осум години. Мислиме дека санкциите може да станат механизам за спречување на ескалација само доколку се спроведат пред вооружениот конфликт.“
Официјалните претставници на ЕУ изразуваат загриженост поради воената концентрација на русски сили во близина на украинската граница од минатиот месец.
Тие, исто така, наведуваат дека ќе има сериозни последици ако Русија повторно ја нападне Украина.
Зеленски, кој е во Брисел на Самитот на партнерство ЕУ - Исток, ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.