Emre Aytekin
27 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - На Универзитетот Тексас A&M, во американската сојузна држава Тексас, извршен е вооружен напад во кој животот го загубија 2 лица, а 14 се ранети, пренесува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на шерифот на сојузната држава Тексас објави соопштение во кое се наведува дека во близина на кампусот на Универзитетот Тексас A&M, за време на забава во која учествувале студенти и дипломирани лица, извршен е вооружен напад во кој загинале 2 лица, а 14-мина се повредени.
Иако надлежните органи сѐ уште не објавија детали од настанот, на социјалните мрежи се објавени снимки на ранети лица по вооружениот напад.
Новинарот на локалниот телевизиски канал ВФАА-ТВ (WFAA-TV), Џејсон Вајтли, преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека голема е веројатноста во нападот да е користено автоматско оружје.
Засега не е позната причината за нападот изведена од напаѓачот кој е во бегство.