Islam Doğru
31 Мај 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.029 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 105.611 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 23.318 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се зголеми на 1.818.983.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 1.029 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 105.611.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 501.985 откриени случаи, Русија со 405.843 откриени случаи, и Шпанија со 286.308 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Илионис.
Во Њујорк откриени се 378.951 случај со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 29.829 лица.
Во САД досега се извршени над 17 милиони 300 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 535.000.