Mücahit Oktay
29 Јуни 2022•Ажурирај: 29 Јуни 2022
ЊУЈОРК (АА) - Бројот на починати мигранти пронајдени во напуштениот камион во градот Сан Антонио, во сојузната американска држава Тексас, зголемен е на 51, јавува Агенција Анадолија (АА).
Официјалните лица претходно јавија дека станува збор за 46 лица, но тој податок е ревидиран на 51.
Во болницата биле сместени 16 лица, кои биле пронајдени живи, меѓу кои и 4 деца. Меѓутоа, подоцна починале 5 од нив.
Се претпоставува дека се работи за илегални работници кои незаконски влегле во Соединетите Американски Држави. Меѓу пронајдените се 22 државјани на Мексико, 7 на Гватемала и двајца на Хондурас, а за останатите сѐ уште се чека идентификација.
Шефот на полицијата во Сан Антонио, Вилијам Мекманус, во понеделникот изјави дека работник во близина на Сан Антонио слушнал повици за помош кои доаѓале од напуштениот камион и дека тогаш се пронајдени телата и преживеаните.
Мекманус претходно соопшти дека се приведени возач и 2 лица, но не го откри нивниот идентитет.