Ömer Tuğrul Çam,Şenhan Bolelli
29 Јуни 2022•Ажурирај: 30 Јуни 2022
МАДРИД (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека неговата земја ќе го зголеми своето присуство во Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бајден даде изјава за медиумите заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред почетокот на Самитот на НАТО што се одржува во Мадрид, Шпанија.
Наведувајќи дека на Самитот во Мадрид ја дале пораката за единство и решителност како сојуз, Бајден рече дека земјите од НАТО на Самитот ќе ја дадат пораката за прифаќање на Финска и Шведска како членка.
„Одлуката на двете земји да ја напуштат традицијата на неутралност и да влезат во НАТО ќе го направи нашиот сојуз посилен“, нагласи Бајден.
Подвлекувајќи дека тоа ја поддржува пораката за единство и одлучност, Бајден додаде: „Денеска објавувам дека Соединетите Американски Држави ќе ги зголемат своите сили во Европа како одговор на промените во безбедносната средина и за зајакнување на нашата колективна одбрана.“
Тој потсети дека неговата земја претходно го зголеми бројот на војници во Европа на 100.000, додавајќи дека ќе продолжат да го зголемуваат овој број и дека ќе го зголемат бројот на разорувачи во Шпанија од 4 на 6.
Бајден, нагласувајќи дека ќе формираат постојан штаб во Полска и дека ќе имаат борбено подготвена единица стационирана во Романија, додаде дека ќе испратат две дополнителни ескадрили Ф-35 во Велика Британија и ќе ја зајакнат противвоздушната одбрана во Италија и Германија.
Нагласувајќи дека НАТО ја докажа својата важност и е поважно од кога било, Бајден додаде:
„На лидерите на Финска и Шведска во Белата куќа им кажав. Путин сакаше Европа да стане како Финска, но ќе види како Европа станува НАТО. Тоа е она што треба да се направи за да се обезбеди безбедноста на Европа.“