Ahmet Sait Akçay
27 Февруари 2018•Ажурирај: 27 Февруари 2018
ДЕИР ЕЗ-ЗОР/АНКАРА (АА) - Американските воздушни напади доцна синоќа го спречија напредокот на иранските сили кон сирискиот град богат со нафта и енергенси, Деир ез-Зор,, јавува Anadolu Agency (AA).
Про-режимските ирански сили зазедоа 22 области, а се обидоа да ги окупираат и енергетските ресурси во градот под контрола на ПЈД/ПКК, но не успеаја да продолжат понатаму поради американските воздушни напади, изјавија локални извори кои сакаа да останат анонимни.
Прорежимските милиции, поддржани од Иран, се повлекоа во областите контролирани од страна на сирискиот режим, откако нивните резерви беа погодени од страна на американските воени авиони во подрачјето на Салихије.
Претходно во февруари, иранските сили се обидоа да го заземат Деир ез-Зор, да ги окупираат ресурсите на нафта и природен гас, но американските воздушни напади го попречија обидот.
Четири дена претходно, избија судири меѓу иранските милиции и терористите на ПЈД/ПКК, кога милицијата складираше муниција во подрачјето на Салихије и започна со гранатирање на полето Коноко богато со природен гас, додадоа изворите.
Од септември минатата година, деловите на Сирија богати со енергенси како што се Деир ез-Зор, Рака и Ал-Хасека, им се предадени на терористите на ПЈД/ПКК од страна на терористичката група ДЕАШ, со воздушна поддршка обезбедена од САД.
Од октомври минатата година, ПЈД/ПКК заплени неколку енергетски објекти во Деир ез-Зор, вклучувајќи ја и постројката за гас Коноко и нафтените полиња Ал-Омар и Џафра.
Имено, нафтените капацитети во источниот дел на Деир ез-Зор, вклучувајќи ги и Афра, Тана и Азрак, сочинуваат приближно една третина од вкупните резерви со енергенси на Сирија.