САД: Две лица загинаа од експлозија во фабрика во Кентаки
- Почната е истрага за експлозијата, во која се оштетени и куќи околу фабриката
ЛУИСВИЛ (АА) - Најмалку двајца работници загинаа од експлозија во фабрика во Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки, известува Анадолу.
Во фабриката „Гивоуден Сенс Колор“, компанија што произведува боја за храна и пијалаци во Луисвил, се случи експлозија, а причината сѐ уште не е утврдена.
Во несреќата животот го загубија двајца работници. Експлозијата предизвика делумно уривање на зградата.
Градоначалникот на Луисвил, Крег Гринберг, изјави дека е почната истрага за експлозијата, во која се оштетени и куќи околу фабриката.