Fatma Zehra Solmaz
22 Јуни 2026•Ажурирано: 22 Јуни 2026
Вчера се наредени задолжителни евакуации за стотици жители во град во Централна Јута, додека пожарникарите се бореа со пожарот што брзо шири поттикнат од силните ветрови, соопштија официјални претставници, јавува Анадолу.
„Железниот пожар“, кој гори во округот Џуаб, околу 28 милји југозападно од Прово, ѝ се заканува на Еурека, мал град на Источните Тинтички Планини.
Шумскиот пожар, кој започна во петокот навечер, опожари повеќе од 13.300 хектари до вчера наутро и остана локализиран на 0%, според „Јута Фајр инфо“.
Шумскиот пожар е предизвикан од човечки фактор, иако властите не открија што го предизвикал пожарот.
Силните ветрови и сувата вегетација го интензивираа пожарот во саботата, туркајќи го кон Еурека, каде што официјалните лица издадоа задолжителни наредби за евакуација. Противпожарните власти соопштија дека пламените јазици им се закануваат на „голем број градби“ во областа.
Националната метеоролошка служба издаде црвени предупредувања за поголем дел од државата пред пожарот.
„Железниот пожар“ е најголем од 11 пожари пријавени низ американската држава Јута од петокот. Други големи пожари се пожарот во Хејстингс, како и пожарите во Мидл Форк и Бунвил, кои вчера се ставени под контрола.