Ekipa
04 Април 2025•Ажурирај: 04 Април 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Безбедноста околу Белата куќа во Вашингтон, Соединетите Американски Држави (САД), како и во околните подрачја денес е зајакната во пресрет на големиот протест за Газа планиран за утре, јавува Анадолу.
Властите поставија бариери и го зголемија полициското присуство со цел обезбедување за време на демонстрациите.
Поради тоа што администрацијата на Трамп го интензивира атакот врз студентите што учествуваа на пропалестински протести, а Израел со полна сила го продолжува геноцидот во Газа, се очекува илјадници луѓе да излезат на масовните протести.
Во услови на репресија на администрацијата на Трамп врз овие студенти, државниот секретар Марко Рубио минатата недела изјави дека Стејт департментот укинал повеќе од 300 студентски визи, истакнувајќи: „Секогаш кога ќе најдам некои од овие лудаци, им ги одземам визите.“
Во воената офанзива на Израел што започна во октомври 2023 година во Газа се убиени повеќе од 50.500 Палестинци, од кои повеќето се жени и деца.