Ekipa
01 Април 2023•Ажурирај: 02 Април 2023
ЛИТЛ РОК (АА) - Најмалку десет лица загинаа, а голем број се повредени во торнадата што беа регистрирани во различни американски сојузни држави, пренесува Анадолу.
Торнада ги зафатија сојузните држави Арканзас, Илиноис, Ајова, Висконсин, Мисисипи и Тенеси.
Торнадата уништија домови и трговски центри и урнаа покрив на театар за време на концерт во Илиноис.
Полицискиот оддел на Ковингтон, во Тенеси, објави дека градот во западниот дел на Тенеси е непрооден откако далноводи и дрвја паднале на патиштата.
Торнадото предизвика и спорадични штети во Источна Ајова.
Речиси 90.000 домаќинства во Арканзас останаа без електрична енергија.
Противпожарните екипи се бореа со неколку пожари во близина на Ел Дорадо, во Канзас, а од некои жители е побарано да се евакуираат, меѓу кои и околу 250 деца од основните училишта.