Ekipa
10 Јули 2017•Ажурирај: 11 Јули 2017
ХАСЕКА/АНКАРА (АА) - САД испратија 184 камиони со воена опрема за терористичката група ПКК/ПЈД во северната сириска покраина Ал-Хасака, во текот на изминатата недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Според новинарот на AA, на 5 јули пристигнале 82 камиони во покраината Хасака, која се наоѓа под контрола на ПКК/ПЈД, додека четири дена подоцна пристигнале уште дополнителни 102 камиони.
Според Пентагон, американската воена помош за неколку вооружени групи во Сирија, вклучувајќќи ја и ПКК/ПЈД, се состои од 12.000 калашњикови, 6.000 митралези, 3.500 тешки митралези, 3.000 рачни ракетни фрлачи (RPG-7s) и 1.000 парчиња противоклопно оружје од американско (AT-4) и руско (SPG-9) производство.
Помошта, исто така вклучува 235 минофрлачи од различни калибри, 100 снајперски пушки, 450 двогледи за ноќно набљудување (PV-7) и 150 двогледи со инфрацрвен ласерски осветлувач, соопшти Пентагон.
Комбинираните Заеднички Сили - Операција за заедничко делување (CJTF - OIR) предводена од Соединетите Американски Држави - на 6 јуни објави дека операцијата за Рака е започната со цел да се расчисти ДЕАШ од центарот на градот. Сепак, извори во регионот велат дека таквата воена помош од страна на САД е присутна од 2016 година.
ЈПГ е вооружено крило на ПЈД - сириски огранок на ПКК, која е на листата терористички организации на Турција, САД и на ЕУ.
ПКК води терористичка кампања против Турција над 30 години, во текот на која животите ги изгубија над 40.000 лица. ПКК е вклучена и во производство и трговија со дрога.
И покрај тоа, САД ја сметаат ЈПГ-ПЈД како доверлив партнер во Сирија и продолжуваат со пружањето поддршка на терен. Терористичката група моментално дејствува во северна Сирија и контролира поголем дел од територијата во близина на турската граница.