Michael Gabriel Hernandez
28 Февруари 2020•Ажурирај: 28 Февруари 2020
ВАШИНГТОН (АА) - САД изразија солидарност со нивиот НАТО сојузник, Турција, упатувајќи апел за веднаш да се стави крај на нападите на Башар Асадовиот режим во северозападното сириско подрачје на Идлиб, по смртоносниот напад врз турските сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ние стоиме до нашиот НАТО сојузник Турција и продолжуваме да апелираме веднаш да се стави крај на оваа офанзива од страна на Асадовиот режим, Русија и силите поддржани од Иран“, рече портпаролот на амеирканскиот Стејт департмент кој даде изјава за АА под услов да остане анонимен.
„Како што нагласија претседателот и државниот секретар, ги разгледуваме опциите околу тоа како најдобро би ја поддржале Турција во оваа криза“, додаде портпаролот.