Michael Hernandez
19 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Борбен авион на американската морнарица вчера собори борбен авион „SU-22“ на сирискиот режим, кратко време откако тој ги нападна партнерските сили на САД во коалицијата за борба против ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Сирискиот авион изврши бомбардирање во близина на Сириските демократски сили (SDF) јужно од Табка, се вели во соопштението на коалицијата во кое исто така се наведува дека мисијата го следи напредокот на прорежимските сили во градот Џадин.
Во соопштението се истакнува дека голем број борци на Сириските демократски сили се повредени во офанзивата во Џадин.
Во сириските прорежимски сили може да се вклучени сириската арапска армија на сирискиот претседател Башар ал Асад, либанскиот Хезболах и иранските сили.
Коалицијата соопшти дека нејзиниот напредок е спречен од страна на неочекувана демонстрација на сила.
„По нападот на просириските сили, коалицијата оствари телефонски контакт со руските колеги за да ја намали тензијата на ситуацијата и да го запре огнот“, се вели од операцијата „Непоколеблива решителност“ (Inherent Resolve).
„Во рамките на неколку часа, борбениот авион 'SU-22' испушти бомби во близина на позициите на СДФ, предизвикувајќи го американскиот 'F/A-18E Super Hornet' итно да го собори во согласност со правилата на ангажманот и колективната самоодбрана на коалициските партнерски сили“, се вели во соопштението од коалицијата.
Коалицијата нагласи дека не бара непријателства со сириските, руските и проасадовите сили, но рече дека покажаното непријателство и акциите на прорежимските сили кон Коалицијата и партнерските сили во Сирија, кои спроведуваат легитимни операции против ДЕАШ, нема да бидат толерирани.
Вчерашното соборување на авионот ја означува последната ескалација на непријателство меѓу коалицијата и сириската армија откако САД влезгоа во конфликтот во 2014 година, со цел поразување на терористичката организација ДЕАШ.