Ekipa
19 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
АТИНА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, верува дека заедничките позитивни чекори со Грција се поголеми од проблемите кои тие две земји ги имаат, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим при посетата на Атина се состана со својот грчки колега Алексис Ципрас.
„Делиме ист простор, значи делиме иста судбина. Сигурно е дека повремено се можни проблеми, но проблемите е можно да се решат само со здрав разум и дијалог”, изјави Јилдирим пред билатералниот состанок.
Турскиот премиер потсети дека во последните неколку години Грција имала проблеми, и укажа на војните во Сирија и во Ирак, со кои Турција ја дели границата.
„Имаме тешкотии, верувам дека можеме да ги решиме со двострано солидаризирање, добра намера и разбирање”, изјави Јилдирим и додаде дека треба да се фокусираат на можностите и дека проблемите секогаш е можно да се решат со текот на времето, со добрососедски односи, праведно и со дијалог.
Премиерот на Турција изрази надеж дека посетата ќе биде можност за развој на постоечките добри односи на полето на трговијата и другите области.