Canberk Yüksel
06 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
ЊУЈОРК (АА) - Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, вчера за нападот се хемиско оружје во Идлиб, Сирија, ја обвини владата на таа земја, јавува Аnadolu Agency (AA).
„Нема сомнение дека сирисикиот режим под водство на Башар ал-Асад е одговорен за овој грозоморен напад“, истакна Тилерсон за време на прес-конференцијата во Белата куќа заедно со мексиканскиот министер за надворешни работи, Луис Видегарај Касо.
„Сметаме дека е време Русите навистина треба внимателно да размислат за нивната континуирана поддршка на режимот на Асад“, додаде тој.
Тилерсон ќе ја посети Москва на 12. април.
Според министерот за здравство на Привремената сириска влада, Џунди, во нападот во вторникот во сирискиот град Хан Шајхун загинаа најмалку 100 лица, а беа повредени над 500.
За време на вчерашниот состанок на Советот за безбедност на ОН, амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли, посочи дека Вашингтон ќе преземе еднострана акција доколку Русија не сака да ѝ помогне на меѓународната заедница за да се искорени употребата на хемиско оружје.
Американскиот претседател Донал Трамп вчера истакна дека нападот ги помина сите граници и дека тоа е навреда за човештвото.