Hakan Çopur
07 Април 2017•Ажурирај: 07 Април 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон соопшти дека американските сили ја ракетираа воената база на силите на режимот Башар ал-Асад во Сирија, откако што во Идлиб со хемиско оружје се нападнати цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
„Внимателно го координиравме нападот со нашите меѓународни сојузници и реакциите на нашите сојузници во тој регион беа во насока на поддршка на чекорот кој го направивме", им рече Тилерсон на новинарите во Вашингтон по состанокот на делегациите на Соединетите Американски Држави и Кина, со кој претседаваше.
Тилерсон рече дека е ракетирана воената база на силите на Асад поврзана со последниот хемиски напад во Идлиб. Тој нагласи дека е неприфатливо она што Асад го прави на сопствениот народ.
Според соопштението на Пентагон, воздухопловната база Шајрат гаѓана е со 59 проектили Томахавк утрово околу 5.00 часот по локално време. Проектилите се лансирани од американските бродови во домет на базата. Пентагон наведе дека им е познато дека во базата се наоѓаат и руски војници и дека Русија во текот на денот била известена за нападот.
Претседателот на САД Доналд Трамп по ракетирањето на базата на Асад повика на поддршка на тој воен чекор.