Dildar Baykan
06 Април 2017•Ажурирај: 08 Април 2017
АНКАРА (АА) - Полициските службеници во Индија пронашле 8-годишно девојче кое живеело со мајмуни, но и се однесувала како нив, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите во локалните медиуми, 8-годишното девојче кое живеело со мајмуните во региниот за зачувување на дивиот свет „Катарниагат“, кој се наоѓа во областа Мотипул, било однесено во болница од страна на полицајците од сојузната држава, Утар Прадеш, во Индија.
Според соопштението, девојчето најпрво било забележано од страна на Суреш Јадав, заменик полициски комесар, но кога Јадав се приближил кон нив, девојчето заедно со мајмуните почнало да вреска.
Девојчето било спасено по долгиот напор на полициските службеници и било однесено во болница.
Малото девојче ниту зборувало, ниту го разбирало она што се зборувало, се уплашила кога ги видела луѓето, лазела и постојано покажувала насилно однесување.
Девојчето, како што велат лекарите, почнало позитивно да реагира на лекувањето. Лекарите велат дека девојчето почнало да оди на нозе, но се уште јадела директно со уста, без да ги користи нејзините раце.
Не се знае како и кога девојчето дошло во овој регион во кој е најдена.