Ali Semerci
24 Декември 2015•Ажурирај: 26 Декември 2015
РИЈАД (АА) - Во пожар кој избувна во државната болница во градот Јазан, во Саудиска Арабија, загинаа 25 лица, а 107 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштувањата на социјалните мрежи од страна на Цивилната заштита во Јазан, пожарот избувна рано утринава, а на терен се наоѓаат 21 пожарникарна екипа, екипите за спасување како и припадници на безбедносните сили кои со заеднички напори успеаа пожарот да го стават под контрола.
Гласноговорникот на цивилната заштита во Јазан, Јахја ел-Кахтани рече дека пожарот избувна во 2:10 часот на првиот кат на кој се наоѓаат интензивна нега и педијатрија.
Ел-Кахтани истакна дека сеуште не е позната причината поради која дојде до пожар.