Mehmet Tosun
23 Декември 2015•Ажурирај: 24 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Турската крајбрежна стража во тек на акцијата во Егејското Море недалеку од турските градови Измир, Баликешир и Ајдин, спаси најмалку 171 бегалец, додека седуммина се удавија, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на крајбрежната стража спасија 96 лица во Ајвалик, во близина на градот Баликешир, се наведува во сооштението од Генералштабот на Турција.
Исто така, екипите на крајбрежната стража во малото место Дидим, во близина на градот Ајдин, добиле дојава дека на група луѓе на чамец им е потребна помош. При интервенцијата спасени се 47 лица, кои се наоѓале на пластичен чамец.
Во близина на Измир потона еден чамец при што смртно настрадаа седум лица, додека спасени се 28 лица. Во тек е потрагата по едно дете кое се води за исчезнато.
Се уште не е познато за кои државјани станува збор.