Ali H. M.Abo Rezeg
27 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Саудиската Амбасада во Анкара ги одби наводите на одредени медиуми во врска со распоредувањето саудиски воени сили во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во денешното соопштение, Амбасадата, наводите за распоредувањето во Сирија ги опишува како целосно неточни.
„Во Сирија нема саудиски воени сили“, се нагласува во соопштението, и се истакнува дека медиумите треба да тежнеат кон точност (на информациите) и да прифаќаат вести од веродостојни извори.
Минатата недела, одредени медиуми јавија дека Саудиска Арабија и Обединетоте Арапски Емирати (ОАЕ) имаат распоредено свои воени сили во Сирија.