Zehra Ulucak
27 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
ПАРАДАЈС (АА) - Продолжува да се зголемува билансот на загинатите од пожарот кој ја зафати американската сојузна држава Калифорнија на 8 октомври, а заклучно со неделата, во потполност е ставен под контрола, јавува Anadolu Agency (AA).
Кори Хонеа, шериф на подрачјето Бјут, за шумскиот пожар „Камп“, соопшти дека заклучно со неделата, кога е изгаснат пожарот, пронајдени се уште три загинати лица. Со ова, бројот на загинатите во пожарот се искачи на 88 лица.
Хонеа изјави дека сѐ уште се трага по 203 лица.
Од друга страна, министерот за внатрешни работи на САД, Рајан Зинке, по посетата на подрачјето на градот Парадајс, во северниот дел на Калифорнија, зафатено од шумскиот пожар, изјави дека никогаш претходо не бил сведок на таков степен на уништување, истакнувајќи дека материјалната штета од шумскиот пожар би можела да изнесува милијарди долари.
- Над 20 милиони долари помош за погодените од пожарот -
Официјален претставник на Федералната агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА) изјави дека американската Влада донирала повеќе од 20 милиони долари за лицата раселени како последица од пожарот што го зафати северниот дел на Калифорнија.
Портпаролот на ФЕМА, Френк Менсл, изјави дека се потрошени 15,5 милиони долари за згрижување и помош за домување на погодените од пожарот.
Менсл додаде дека се потрошени уште 5 милиони долари за други потреби, меѓу кои спаѓаат и погребните трошоци.
Пожарот започна на 8 октомври во градот Парадајс во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија. Оваа природна катастрофа уништи 14.000 куќи, 514 деловни објекти и 4.265 згради.
Пожарот зафати површина од околу 620 километри квадратни и претставува „најголем и пожар со најтрагичен биланс на жртви“ во историјата на шумски пожари на Калифорнија.
Поради пожарот што го зафати јужниот дел на земјата, познати личности од светот на филмот и музиката, Џерард Батлер, Мајли Сајрус, Скот Баио, Гилермо дел Торо, Ким Кардашијан, Алиса Милано и Раин Вилсон, беа принудени да ги напуштат своите домови бидејќи беа оштетени или изгореа во потполност.