Çağrı Koşak,Ali Semerci
12 Јуни 2021•Ажурирај: 14 Јуни 2021
РИЈАД (АА) - Саудиска Арабија објави дека поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), оваа година на аџилак ќе бидат примени 60.000 лица од земјата, но дека од странство нема да биде примен никој, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за аџилак и умра на Саудиска Арабија издаде соопштение за мерките што треба да се преземат поради пандемијата, како и за тоа кој ќе може да изврши аџилак.
Како што се наведува, 60.000 луѓе од земјата ќе бидат примени на аџилак, додека од странство нема да биде примен никој.
На аџилак ќе бидат примени лица што немаат хронични болести, на возраст од 18 до 65 години, кои се вакцинирани.
Во соопштението од 9 мај, Министерството за аџилак и умра објави дека овогодишниот аџилак ќе биде одржан под посебни здравствени и безбедносни услови поради пандемијата на коронавирусот.
Поради Ковид-19, Саудиска Арабија минатата година прифати за аџилак само ограничен број верници од земјата.