Hülya A. Gündüzalp,Umur Koçak Semiz
20 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Додека ги одбројуваме деновите до почетокот на 2016 година ги донесуваме случувањата кои ја одбележаа оваа година и кои светот нема да ги заборави.
Она што ќе биде незаборавно, како што јавува Anadolu Agency (AA) се секако терористичките напади во неколку држави во светот, во прв ред во Франција. Меѓу главните случувања кои ја одбележаа оваа година е војната во Сирија која трае веќе пет години и поради која милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови. Сето тоа доведе и до голема хуманитарна и бегалска криза, во прв ред, во Европа.
Меѓу случувањата кои светот сигурно нема да ги заборави, а кои ја одбележаа годината на крајот, се терористичките напади во Париз, стампедото на Мина за време на Курбан-бајрам, земјотрес во Непал и нападите на терористичката организација ДАЕШ.
Исто така, во мај оваа година пронајдена е и масовна гробница на Рохинги муслиманите во скриен камп во шумите на југот на Тајланд, а драмата на овие луѓе ја виде и целиот свет.
Оваа година е подигнато и знамето на Палестина пред седиштето на Обединетите народи (ОН) во Њујорк откако палестинскиот претседател Махмуд Абас пред Генералното собрание рече дека се надева дека независната држава Палестина ќе го заземе своето заслужено место во ОН.
Во текот на 2015 година во целиот свет се забележани големи природни катастрофи кои однесоа илјадници човечки животи. Во вториот дел од годината Непал е погоден со земјотрес, најголем во последните 80 години. Загинаа над 8.000 лица.
Во жижата на светската јавност беше и тешката ситуација на илјадници бегалци од Бангладеш и Аракан како и нивната судбина на бродчињата и бродовите. Меѓу случувањата од 2015 година секако свое место има и посетата на претседателот на Управата за верски работи на Република Турција Мехмет Гормез на Ерусалим каде одржа предавање (хутба) пред неколку илјади муслимани во џамијата Ал-Акса.
По 50 години, оваа година за прв пат се сретнаа лидерите на Соединетите Американски Држави (САД) и Куба. Исто така, оваа година, откако оружените сили на Република Турција со два борбени авиона F-16, на 24-ти ноември соборија воен авион недалеку од сириската област Бајирбуџак, откако леталото го повреди турскиот воздушен простор, се нарушија односите на овие две земји.
Турција оваа година беше домаќин и на Самитот G20. Исто така, оваа година во Сирија загина и новинарот на АА Салих Махмуд Лејла. По пожарот во дискотека во Букурешт оставка си поднесе премиерот на Романија Виктор Понта.
Меѓутоа, во жижа на светската јавност беа и ќе се паметат терористичките напади во Париз во кои беа убиени 130, а повредни над 350 лица.