Mahmut Geldi
20 Декември 2015•Ажурирај: 24 Декември 2015
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските власти му одредија шестмесечен притвор на палестинскиот новинар Мухамед Ал Кека, кој веќе еден месец штрајкува со глад поради лошите услови и кршењето на неговите човекови права во израелскиот затвор, јавува Anadolu Agencyy (AA).
Израелската полиција Ал-Кека го уапсила на 21-ви ноември под обвинение дека преку новинарската активност "поттикнувал на насилство", а поради наводната "закана по мирот", израелските сили за безбеднсот му одредиле шестмесечен притвор.
Сопругата на Ал Кека која исто така работи како новинарка во саудиската телевизија Al-Majd Feiha Shelshel, за АА ја потврди информацијата дека на нејзиниот сопруг му е одреден максимален притвор во Израел и дека тој и понатаму штрајкува со глад.
Синдикатот на палестинските новинари го обвинува Израел за напади врз новинарите во Палестина и потсетува дека израелските власти од октомври до денес имаат затворено три радио станици во Хеброн.
Израелските безбедносни сили го применуваат таканаречениот административен притвор, од еден до шест месеци, за лица кои израелските разузнавачи ги сметаат за закана за безбедноста. Воениот суд може без покренување обвинение да го продолжи притворот и до пет години, доколку смета дека станува збор за лица "опасни за Израел".