Tufan Aktaş
10 Април 2022•Ажурирај: 11 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) ги повика земјите донатори двојно да ја зголемат својата помош за да им помогнат на оние што се погодени од судирите и сушата во Етиопија, известува Агенција Анадолија (АА).
Миетек Маџ, заменик-директор на Светската програма за храна (WFP) за Етиопија, изјави дека милиони луѓе чекаат помош во земјата поради судирите на северот и сушата на истокот.
Маџ изјави дека се обидуваат да достават итна помош за 3,4 милиони луѓе во регионите Амхара, Афар и Тиграј, кои се во тешка состојба поради судирите.
Тој истакна дека помошта во храна се намалува трет месец по ред.
Маџ ги повика земјите донатори двојно да ја зголемат хуманитарната помош.
Поради големата суша, речиси 13 милиони луѓе во источна Африка се гладни, а милиони луѓе во Кенија, Сомалија и Етиопија се присилени да ги напуштат своите домови во потрага по вода и пасишта за својата стока.