Vesna Besic
10 Април 2022•Ажурирај: 11 Април 2022
ПАРИЗ (АА) - Во Франција се одвива првиот круг гласање на претседателските избори на кои учествуваат 12 кандидати, вклучувајќи го и актуелниот претседател Емануел Макрон, известува Агенција Анадолија (АА).
Во Франција, земја со популација од околу 67 милиони жители, право на глас имаат 48,7 милиони регистрирани гласачи. Претседателскиот мандат во Франција трае 5 години. На прекуморските територии на Франција, за претседател на земјата ќе гласаат 1,4 милиони лица.
Макрон гласаше на избирачкото место во регионот Ле Туке.
Избирачките места низ земјата се отворени од 8:00 до 19:00 часот по локално време. Во големите градови ќе може да се гласа до 20:00 часот.
Со одлука на Владата, гласачите кои се позитивни на Ковид-19 ќе имаат право да гласаат, под услов да користат маска при доаѓањето во избирачките центри.