Vesna Besic
14 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
ХЕБРОН (АА) - По повод 29-годишнината од независноста на Палестина, организирана е свечена парада на палестинските безбедносни сили во Хеброн, на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестина е делумно признаена држава на Блискиот Исток. Службено е формирана со унилатералното усвојување на Декларацијата за независност, која на 15 ноември 1988 година, во егзил во Алжир ја донесоа Палестинската ослободителна организација и Националниот совет за Палестина.

Нејзиниот меѓународен правен статус е признаен во ноември 2012 година, по гласањето во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), кога Палестина доби статус на набљудувач во ОН со 138 гласа за, девет против и 41 воздржан.
Палестина се состои од две посебни територијални единици – појасот Газа и Западниот Брег. Овие два дела на Палестина ги дели територијата на Израел.