Mohamad Misto,Adham Kako
22 Февруари 2020•Ажурирај: 24 Февруари 2020
ДЕИР ЕЗ ЗОР/АНКАРА (AA) - МОХАМАД МИСТО/АДХАМ КАКО -
Во сириското подрачје на Деир ез Зор донесени се труповите на уште 34 лица припадници на странските терористички групи поддржани од Иран, кои загинале додека војувале во редовите на Асадовиот режим во зоната на деескалација во Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Продолжуваат загубите на странските терористички групи поддржани од Иранската револуционерна гарда, кои војуваат во редовите на силите на режимот во Идлиб.
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од локални извори, труповите на 34-те лица припадници на овие групи, како и десетици повредени во последните четири дена биле испратени во Деир ез Зор кој се наоѓа на границата со Иран.
Со започнување на копнените напади на Асадовиот режим и неговите поддржувачи во Идлиб, стотици лица кои влегле во земјата со изговор дека вршат посета на мавзолеи во Сирија, се приклучиле на редовите на странските терористички групи поддржани од Иран, кои војуваат во редовите на режимот во Идлиб.
Исто така, минатата недела во Деир ез Зор беа донесени труповите на околу 100 лица припадници на овие странски терористички групи поддржани од Иран, кои загинале додека војувале во зоната за деескалација во Идлиб.
Силите на режимот кои претрпуваат загуби против опозициските групи, преземаат чекори за зајакнување на своите редови.
Силите на режимот кои се состојат од војската на Асадовиот режим и странските терористички групи поддржани од Иран, киднапираа голем број млади лица во центарот и во руралното подрачје на Деир ез Зор, со цел да ги носат во конфликтните зони во Идлиб.
Негирајќи ги договорите од Астана и Сочи, силите на режимот кои добиваат воздушна поддршка од Русија, започнаа копнени напади во ноември 2019 година со цел да ја заземат контролата врз населените места во зоната на деескалација во Идлиб.
Странските терористички групи поддржани од Иран кои станаа копнена сила на режимот во граѓанската војна во Сирија, најинтензивно присуство имаат во Деир ез Зор, кој се наоѓа на границата со Ирак.
Припадниците на Иранската револуционерна гарда ги командуваат терористичките групи со потекло од Иран, Ирак, Либан, Авганистан и Пакистан, кои војуваат во редовите на режимот.