Ekip
22 Февруари 2020•Ажурирај: 23 Февруари 2020
БОГОТА (АА) - Во текот на антивладините протести во Богота, главниот град на Колумбија, интервенираше полицијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на протестите дојде до судир на полицијата и студентите кои и понатаму протестираат против Владата на Иван Дуке.
Со водени топови и солзавец интервенираше Националната полиција за борба против нереди - Есмад, додека маскираните демонстранти возвраќаа со молотови коктели.
Антивладините протести траат веќе со месеци.