Zehra Ulucak
19 Ноември 2019•Ажурирај: 19 Ноември 2019
АНКАРА
Во јужниот дел на Јужна Кореја на отворено море кај островот Чеџудо се преврте рибарски брод. Во несреќата животот го загуби едно лице, а 11 се водат за исчезнати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави новинската агенција „Јонхап“, полициски службеник изјавил дека на 76 километри од еден мал остров што спаѓа под островот Чеџудо, утрово избувнал пожар на 29-тонски рибарски брод.
Екипите на Крајбрежната стража информираа дека во несреќата животот го загубил еден рибар, а 11 се водат како исчезнати.
Полицијата соопшти дека на бродот се наоѓале шест Јужнокорејци и шест Виетнамци.
Во акцијата за пронаоѓање на исчезнатите рибари вклучен е еден брод на морнарицата, хеликоптери, бродови и цивилни бродови.
Полицијата информираше дека поради силниот ветер и високите бранови, спречила до местото на несреќата да се доближат мали спасувачки бродови.
Ко Мин-џунг, портпаролот на претседателот на Јужна Кореја, изјави дека претседателот Мун Џе Ин на надлежните органи им наредил во спасувачката операција да ги применат сите можни средства.