Ali Cura
11 Мај 2021•Ажурирај: 12 Мај 2021
МОСКВА
Вооружен напад е изведен во едно училиште во Казан, главниот град на Република Татарстан, која е дел од Руската Федерација, известува Агенција Анадолија (АА).
Според првичните информации што ги соопштија претставниците на локалната власт, две неидентификувани лица извршиле вооружен напад во едно училиште. Настанало паника меѓу учениците кога ги виделе напаѓачите и ги чуле истрелите од оружје. Некои ученици скокнале низ прозорците.
Испратени се полициски сили на местото на настанот. Официјални лица соопштија дека еден од напаѓачите е 17-годишно лице кое е фатено од безбедносните сили.
Според првичните проценки, во вооружениот напад животот го загубија наставник и 8 ученици. Во нападот ранети се најмалку 10 лица.
Во тек е евакуација на учениците од училиштето во кое полицијата спроведува истрага.