Bedrudin Brlyavac
02 Февруари 2016•Ажурирај: 03 Февруари 2016
ГЕТЕБОРГ (АА) - Силна експлозија одекна во средно училиште во Шведска, јавува Anadolu Agency (АА).
Весникот "Expressen" наведе дека силната експлозија се слушнала во речиси сите делови на градот.
Според локалните извори, по експлозијата во зградата на училиштето избувнал пожар.
Сè уште нема информации за евентуални жртви, а спасувачките екипи се на местото на настанот.
„Ние сме на самото место и се обидуваме да утврдиме што всушност експлодирало”, изјави Ола Акесон од Итната помош во Карлстад.
Тој истакна дека единствено што знае е дека експлозијата била многу моќна.