Aşkın Kıyağan
06 Март 2020•Ажурирај: 07 Март 2020
ВИЕНА (АА) - Австрискиот канцелар Себастијан Курц, во врска со сириските мигранти истакна дека решението е можно преку формирање мировна зона во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Курц во изјава за медиумите нагласи дека Европската Унија (ЕУ) треба да биде поефективна во врска со сириското прашање.
Според него, Европската Унија треба да има свој мировен план за Сирија.
„Решението е можно преку формирање мировна зона во Сирија. По можност во северниот дел на земјата“, рече тој.
Курц истакна дека е важно оваа мировна зона да се разгледа и од страна на Обединетите нации (ОН).
„Во земјата има околу 6 милиони раселени лица кои заслужуваат ваква заштитна зона во Сирија“, додаде Курц.
Тој тврди дека лицата кои се наоѓаат на турско-грчката граница „не се бегалци туку мигранти“, и дека овие лица не може да пронајдат азил во Грција.
Што се однесува до мигрантското движење, Курц рече дека треба да се заштитат надворешните граници на ЕУ.