Ahmet Furkan Mercan
15 Септември 2021•Ажурирај: 15 Септември 2021
ТОКИО (АА) - Јапонија соопшти дека Северна Кореја тестирала ракети, за кои се верува дека се балистички, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на јапонскиот јавен сервис НХК (NHK), базирани на јапонски владини извори, Северна Кореја тестирала ракети утрово, 15 септември.
Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека балистичката ракета, за која се смета дека е тестирана од Северна Кореја, не паднала на територија под надлежност на Јапонија.
Според агенцијата „Кјодо“, јапонската Крајбрежна стража информирала дека ракетата најверојатно паднала надвор од јапонската ексклузивна економска зона.
Според веста на „Асошиејтед прес“ (Associated Press (AP)), базирана на изјавата од Генералштабот на Јужна Кореја, Северна Кореја ја лансирала ракетата кон источниот брег на земјата.
Во соопштението на Генералштабот на Јужна Кореја не се дадени детални информации за ракетата лансирана на источниот брег на Корејскиот Полуостров.
Се забележува дека ракетното тестирање е извршено по самитот за Северна Кореја, што вчера во Токио го одржаа американските и јужнокорејските дипломати.
Агенцијата „Јонхап“, во веста базирана на извори од Северна Кореја наведе дека оваа земја викендов тестирала „нов тип ракети“ со дострел од 1.500 километри.