свет

Сезоната на Формула 1 започнува во Австралија

- Австралија ќе биде домаќин на првата трка сезонава од Светскиот шампионат во Формула 1

Fatih Erel  | 14.03.2025 - Обновена : 14.03.2025
Сезоната на Формула 1 започнува во Австралија

ИСТАНБУЛ (АА) - Сезоната 2025 во Формула 1 започнува во недела со трката што ќе се одржи во Австралија, известува Анадолу.

Квалификациите за трката за Големата награда на Австралија ќе се одржат утре (сабота) во 06:00 часот по средноевропско време. Трката е закажана за недела, 16 март, со почеток во 05:00 часот по средноевропско време.

Победник на трката што ќе се вози на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн, долга 5,2 километри, ќе биде возачот што најбргу ќе извози 58. круга.

Светскиот шампионат во Формула 1 во 2025 година ќе има 24 трки што ќе се одржат во 21 земја на пет континенти.

Првенството ќе започне во Австралија, а ќе заврши во Абу Даби на 7 декември.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın