Одржана ноќната атлетска трка “Низ улиците на Скопје”
Меѓу учесниците на на ноќната атлетска трка на 4.800 метри се издвоија имињата на Милош Ракетиќ со време 15:04:12, потоа, Кокан Ајановски 15:10: 16, Дарио Ивановски 15:17:63.
?????
15 Ноември 2015•Ажурирано: 17 Ноември 2015
Скопје
СКОПЈЕ (АА) - Денес на плоштад “Македонија” беше означен стартот на овогодинешното издание на Ноќната атлетска трка “Низ улиците на Скопје” , на која учествуваа повеќе од 200 учесници во машка и женска категорија, јавува Anadolu Agency.
Меѓу учесниците на на ноќната атлетска трка на 4.800 метри се издвоија имињата на Милош Ракетиќ со време 15:04:12, потоа, Кокан Ајановски- 15:10: 16 и Дарио Ивановски- 15:17:63.
Наградите на најдобрите учесници им ги врачи градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.
Оваа спортска активност се одржува во чест на 13 Ноември, денот на ослободување на Скопје.
Одржана ноќната атлетска трка “Низ улиците на Скопје”