İdris Okuducu
14 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во судирите во Либија, до кои дојде последните 10 дена, животот го загубија 121 лице, додека 561 се ранети, соопшти Светската здравствена организација (WHO), јавува Anadolu Agency (AA).
СЗО на социјалната мрежа Твитер соопшти дека во Либија ќе биде испратена медицинска помош и медицински персонал.
Калифа Хафтар, воен командант со седиште во источна Либија, на 4 април започна воени операции со амбициозен план да го освои главниот град Триполи, во кој се наоѓа седиштето на Владата на национално единство. Либија е оптоварена со превирања уште од 2011 година, кога во крвавото востание со поддршка на НАТО, од власта е соборен, а потоа и убиен повеќедеценискиот претседател Муамер Гадафи.
Оттогаш владеат остри политички поделби кои земјата ја доведоа до две ривалски влади, една во источна Либија, со која е поврзан Хафтар, и друга во Триполи, која е поддржана од Обединетите нации.