Ekipa
13 Април 2017•Ажурирај: 13 Април 2017
МОГАДИШУ (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека од епидемијата на колера, оваа година биле погодени 25.000 луѓе, а се очекува бројот да се удвои до крајот на месец јуни, јавува Anadolu Agency (AA).
Тарик Јашаревиќ, портпаролот на СЗО, изјави дека од епидемија на колера досега, оваа година, загинале 524 лица.
Тој додаде дека колерата се шири брзо како резултат на влошувањето на состојбата поради сушата во Рогот на Африка, и дека досега се регистрирани најмалку 25.424 случаи, а до летото тој број може да се зголеми до 50.000.
Дејвид Aкопајан, директор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Сомалија, вели дека во 13 од 18 региони на земјата пријавени се случаи на колера.
Тој ја нарече Сомалија најкревка земја во светот и истакна дека обидот од страна на СЗО да ја спречи епидемијата на колера излегол надвор од контрола.
Тој, исто така, истакна дека сушата може да ги отежне напорите за изградба на државата во веќе со години хаотичната земја.