Atila Altuntaş
10 Ноември 2023•Ажурирај: 12 Ноември 2023
СТОКХОЛМ (АА) - Симпатизерите на терористичката организација ПКК/ЈПГ вчера во Стокхолм извршија атак врз споменот на основачот на Туркије, Мустафа Кемал Ататурк, јавува Анадолу.
Сторителите, на кои им пречеше филмот за животот на Ататурк што треба да се прикажува во кината низ Шведска на 10 ноември, годишнината од неговата смрт, закачија плакати со навреда за основачот на Туркије на автобуските постојки и ламби околу кината каде што треба да се прикажува филмот.
Тие ја снимија својата акција и видеото го споделија на социјалните мрежи, додавајќи и терористичка пропаганда.
Турците ги отстранија плакатите што ги забележаа.
ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.