Atila Altuntaş
14 Мај 2016•Ажурирај: 14 Мај 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Најмалку две лица се префрлени во болница, а 35 лица се евакуирани поради пожарот кој ја зафати зградата во Содермалм, предградие на главниот град на Шведска, Стокхолм, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот изби на петиот спрат од зградата, а пламенот за кратко време го зафати поголемиот дел од зградата. Поради пожарот, од зградата евакуирани се најмалку 35 лица, а две лица се префрлени во болница поради гушење со пламен.
Пожарот се уште не е ставен под контрола, а во интервенцијата се вклучени дури 70 возила на противпожарната служба.
Директорот на противпожарната служба во Стокхолм, Никлас Карлвајц, изјави дека противпожарните служби стигнале на лице место, шест минути по избивањето на пожарот, но поради силниот ветер пожарот сеуште не е под контрола.
Карлвајц додаде дека постои опаснот пожарот да се прошири на околните згради.