Erdal Türkoğlu
24 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
ХАТАЈ - Откако турските вооружени сили (ТВС) почнаа да се позиционираат во Идлиб со цел да се намалат тензиите во регионот, освен народот во Сирија, со надеж дека ќе се воспостави мир гледаат и Сиријците засолнети во Турција, пишува Anadolu Agency (AA).
Во сиропиталиштето „Јасемин“, во областа Рејханли во Хатај, сместени се сириски деца, жртви на војната, кои со нетрпение посакуваат да запре војната во нивната татковина и да се вратат во своите домови.

Рабија Хамуди (14) во сиропиталиштето е сместена заедно со својата мајка и со двајцата браќа. Во разговорот за АА, таа изјави дека пред 2 години, при бомбардирањето на Идлиб со барелни бомби го загубила својот татко.
Рабија раскажува дека со останатите членови од семејството пребегале во Турција, и додава: „Благодарни сме на турските војници за она што го прават во Сирија. Се надевам дека наскоро ќе престанат нападите и ќе се вратам во моето село. Дојдовме во Турција, но гробот на татко ми, пријателите, роднините ни се таму. Копнееме да им ги посетиме гробовите“.
По бомбардирањата на селата во руралните подрачја на Идлиб минатата година, во Турција пребега и Еје Јунис (12), која вели дека во бомбардирањата ги загубила татко си и двајца свои роднини.
Јунис раскажува дека со мајка си и со братот пристигнале во Рејханли и се сместиле во сиропиталиштето. „Му се заблагодаруваме на Реџеп Таип Ердоган за сѐ што досега направи за нас. Се молиме турската војска да обезбеди мир во тоа подрачје, бидејќи многу ни недостасува нашата татковина“, вели Јунис.
Сириецот Али Исбех, кој е од Идлиб, е еден од одговорните во сиропиталиштето. За АА зборуваше во врска со својот тригодишен престој во Турција.
Али вели дека со своето семејство одблизу го следи распоредувањето на турските вооружени сили во Идлиб.
„Сиријците знаат дека турските војници се распределуваат во Идлиб со цел да обезбедат мир и прекин на војната, и затоа се молат за нив. Семејствата што се згрижени во Турција постојано се слушаат со своите роднини во Сирија и го следат развојот на настаните. Желбата на сите е нападите да престанат и тие да се вратат во своите домови. Се надевам дека тоа ќе се случи наскоро“, вели тој.