İdris Okuducu
24 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
ЕРБИЛ (АА) - Собранието на Регионалната курдска управа на северот од Ирак денес донесе одлука за одложување на парламентарните и на претседателските избори за осум месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Изборите на ниво на регионалната управа во рамките на Ирак, беа планирани за 1 ноември 2017 година.
Маџид Базирган, претставникот на Tуркмените, за АА изјави дека 60 пратеници го поддржале одложувањето на парламентарните и претседателските избори, а осуммина биле против.
На денешното гласање не присуствуваа претставници на Движењето Горан (Промени), Партијата на исламско општество (Komel) и Туркменскиот фронт на Ирак.
Собранието на Регионалната курдска управа во северен Ирак се состои од 38 претставници на Курдската демократска партија (KDP), 24 претставници на Движењето Горан, 18 од Унијата на курдски патриоти (KYB), 10 од Партијата на Исламската унија на Курдистан (Yekgirtu), и шест од Партијата на исламско општество.
Четири помали партии имаат по еден, а малцинствата по 11 претставници.