Ekip?
02 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
АЛ БАБ (АА) - Командантот на Слободната сириската војска Мухамед Катиб за Anadolu Agency (АА) вчера потврди дека опозициските единици на терористичката организација ПЈД/ПКК ги ослободиле населените места Тел Tувјран и Карат, на исток од градот Ал Баб во Сирија.
Тој истакна дека се водени жестоки борби на подрачјето во близина на ослободените села.
„Овде ДЕАШ, ПЈД и режимските сили се во коалиција. ДЕАШ без судири со ПЈД и режимските сили ги напушта селата и населбите, и се повлекува“, рече Хатиб.
Режимските сили стигнаа до местото на судирите на истокот од Ал Баб од каде што претходно се повлекоа ДЕАШ, и стигнаа до Мунбич, кој е под контрола на ПЈД/ПКК.
Единиците на режимот на Асад се распоредија на југ од Ал Баб со што го пресекоа патот кој води кон Рака.
Режимските сили воспоставија тампон зона со ДЕАШ со цел да се спречи продолжување на операциите на Слободната војска на Сирија на тоа подрачје.
Населението на сирискиот град Ал Баб, кој му припаѓа на Алепо, по бегањето од терористичката организација ДЕАШ се враќа во своите домови.
Слободната сириска војска потпомогната од Вооружените сили на Турција (TSK) продолжува со отстранувањето на мините и другите експлозивни направи кои припадниците на ДЕАШ ги оставиле низ градот.