Ekipa
02 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
ПЕШАВАР (АА) - Пакистанската полиција уби продавач во град во северозападниот дел на земјата поради сомнеж дека е бомбаш-самоубиец, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот претставник Мумтаз Кан изјави дека продавачот возел велосипед и не сакал да сопре на контролниот пункт пред зградата на судот во градот Мардан. Тој додаде дека полицијата прво со возило удрила во велосипедот, а потоа и го застрелала продавачот кога почнал да бега.
Кан истакна дека подоцна продавачот починал, а кај него не е пронајдена ниту бомба, ниту експлозив.
Пакистанската полиција се наоѓа во состојба на готовност по неодамнешната серија самоубиствени напади во кои загинаа над 125 лица. За нападите полицијата ги обвинува пакистанските талибани и припадниците на терористичката организација ДЕАШ.